Македонија
21. July 2015 - 14:25

Риболовци забележале помор на риби во реката Кумановка

Помор на риби забележале рибарите во текот на вчерашниот ден, информираа денеска надлежните  од здружението на спортски риболовици „Пчиња„-Куманово.
 
Поморот на различни видови риби со различна големина е забележан во долниот тек на реката Кумановка, кај  вливот на Кумановка во Пчиња се до т.н.„Искрин Мост“.
 
- Се уште не е утврдена причината за поморот на риби. Сепак, станува збор за поголема количина на угинати риби. Нашите членови веднаш пријавија и кај инспекторите по рибарство од МЗШВ и кај нас, веднаш земени  се мостри и од реката и од угинатите риби кои ќе ја покажат причината за поморот на риби, изјави денеска претседателот на ЗСРРК „Пчиња“,Роберт Лазаревски.