Ракомет
30. July 2019 - 13:39

РФМ ѝ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласманот на ЕП 2020

Ракометната федерација на Македонија ѝ ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското првенство кое ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска во 2020 година.

Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

Ова ќе биде шести пласман на македонските машки сениори на европските првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).

Репрезентацијата на ЕП ќе настапува во Австрија (Виена) во јануари 2020 година и ќе се натпреварува во групата Б против домаќинот, Чешка и Украина.