-->
-->
РФМ: Целосно сме подготвени за настап на ракометниот Мундијал
-->
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за поканата македонската репрезентација да настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет.
Во дописот до ИХФ потпишан од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов се истакнува дека македонскиот национален тим е „целосно подготвен“ за настап на „ракометниот спектакл“.
– Во име на РФМ и во мое лично име изразувам срдечна благодарност за официјалната покана македонскиот национален тим да настапи на ракометниот спектакл во Египет. Македонскиот национален тим е целосно подготвен и задоволен што ќе игра на Светското првенство 2021, порача првиот човек на РФМ, Мукаетов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд