-->
-->
РФМ: 40 илјади евра за ракометарите
-->

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука да ги награди ракометарите за одличните настапи во квалификациите, па селекторот Раул Гонзалес и неговите избраници ќе поделат 40.000 евра за обезбедениот пласман на ЕП 2018 во Хрватска.
Од РФМ како помош за женската ракометна лига, чии клубови се соочуваат со сериозни финансиски клубови, одлучи да ги укине судиските и делегатските такси, што значи финансиско олеснување за сите домашни клубови.
Управниот одбор на РФМ ги донесе следниве одлуки:
1. Ракометната Федерација на Македонија ќе и додели премија во вредност од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на ЕП Хрватска 2018.
– Македонија обезбеди пласман за ЕП Хрватска 2018 , заклучно нерешениот исход над Украина во Суми и победата над Чешка во Скопје, во рамки на последните две кола од квалификацискиот циклус, со што се пласираше на првата позиција во квалификациската група и обезбеди место во вториот шешир за извлекувањето на групите за ЕП Хрватска 2018. Ова е петти обезбеден пласман за македонските сениори на големите континентални натпреварувања и вкупно десетти заедно со Светските Првенства.
2. Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука сите клубови во Женската сениорска лига на Македонија да бидат ослободени од исплата на судиски и делегатски такси во систем на натпревари на РФМ, почнувајќи од сезона 2017/18. Единствен трошок на клубовите за учество во Женската сениорска лига остануваат патните трошоци за службените лица.
– Минатата сезона 2016/17, РФМ комплетно ги превзема трошоците за судиските и делегатските такси на сите клубови од младите категории (Младински, Кадетски и Пионерски лиги во машка и женска конкуренција), а почнувајќи од наредната сезона 2017/18, РФМ ќе ги покрие таксите за службените лица и на клубовите од Женската сениорска лига.
Одлуките стапуваат на сила Веднаш, а ќе бидат верификувани на следниот УО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
