Резников: Кремљ сè уште не сака да го признае своето фијаско, но овој пат тоа е речиси тука
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска во нов пост на Фејсбук соопшти дека „расте незадоволството и деморализацијата кај руските окупаторски сили”, пренесе Укринформ.
„Ситуацијата на позициите е контролирана. Навистина, имаме загуби. Но, секое име, секој херој ќе биде запаметен. Исто како и секој убиец што нема да биде заборавен. Ја разбираме вредноста на животот и слободата. Животот на секој Украинец е бесценет”, напиша Резников на Фејсбук.
Во одредени правци, украинските бранители веќе почнуваат и со контранапад. Непријателот губи со десетици механизирани единици. Еноставно ги остава и бега, додава украинскиот министер во постот наменет за храбрење на армијата и граѓаните во борбата со помоќниот непријател.
„Ние на овој начин го надополнуваме нашиот возен парк. Непријателот ќе умре од сопственото оружје. Кремљ сè уште не е подготвен да го признае своето фијаско, но овој пат тоа е речиси тука. Расте незадоволството и деморализацијата кај руските окупаторски сили. Тие почнуваат јасно да ги гледаат работите, исто како и некои руски олигарси”, истакна Резников.
Според него, Кремљ конечно ги отфрли обидите да ги скрие своите намери.
„Тие дојдоа да ја уништат нашата земја, да го уништат нашиот народ. Нема да успеат. Водат војна против жени и деца. Не успеаја да ги победат бранителите на Харков и почнаа да се борат против Универзитетот во Харков. Русите се обични терористи. И терористите ќе бидат ликвидирани. […] Правиме максимални напори да обезбедиме хуманитарни коридори, да ги извадиме нашите луѓе од гранатирање, да обезбедиме испорака на хуманитарна помош”, додаде Резников.
Ново на Сител
-
Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома
-
Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили
-
Николоски на средби со министри за транспорт на ЕУ ја презентираше инвестициската програма на Владата
-
Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме
-
Тошковски: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери
-
Жена физички нападнала вработен во општина Кочани
-
Гостиварец се заканувал на сопругата, на нејзината мајка и на ќерката
-
Маж се соблекувал пред малолетници