Ревија на балкански народни носии во Кратово
Во Музеј на град Кратово, синоќа свечено беше отворена изложбата на традиционални балкански народни носии во организација на општина Кратово и Ансамбл Македонија од Скопје. На изложбата беа претставени традиционални народни носии од Балканот од крајот XIX и почеток на XX век, класифицирани според социјалниот статус, прикажани на фотографии и тоа од: Конавле - Хрватска, Славонија - Хрватска, Посавина - Хрватска, с. Летница - Хрвати од Косово и Метохија, Горна Морава - Косово и Метохија, Самоков - Бугарија, Харманли - Бугарија, Црна Трава - Србија, Пчиња - Србија, Црна Гора, Хрвати - Босна и Херцеговина.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски кој во своето обраќање изјави:
- Културните збиднувања се многу важен елемент од општественото живеење, затоа тие завземаат значаен дел од мојата програма за работа, бидејќи истите се нужно потребни за нашиот град. На Кратово како жив музеј му прилегаат вакви настани, затоа силно ќе ги поддржувам во интерес на збогатен културен живот на нашите граѓани.
На изложбата со вокални изведби од Посавина - Хрватска се претставија и уметниците на Ансамблот Македонија од Скопје.
- Идентитетот на еден народ се темели на фолклорот, традицијата, песната, орото, носијата. Вечерва имаме ретка можност да ги претставиме балканските народи преку нивната носија прикажани на оваа ревија овде во градот на кулите и мостовите што за нас претставува вистинско задоволство. Оваа изложба е дел од Меѓународната ревија на народни носии, проект, поддржан од министертсвото за култура на РС Македонија – изјави Проф.Др. Владимир Јаневски, редовен професор на катедрата за етнокореологија на музичката академија во Штип и менаџер на Ансамблот Македонија.
Сите љубители на фолклорот и традицијата ќе можат да ја погледнат изложбата до крај на овој месец која ќе биде отворена до 30 Ноември во галеријата на музеј на град Картово.
Ново на Сител
-
Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни
-
Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд
-
Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот
-
Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан
-
Христодулидис: Кога сè ќе биде на свое место, Република Кипар да може да стане членка на НАТО
-
Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
-
Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век
-
Гаши: Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор