Џет-Сет
30. December 2017 - 17:35

Ретко зборува за односот со сопругот, но оваа тетоважа открива се: По оваа постапка на Вељко, Сека остана без зборови

Познатата пејачка Сека Алексиќ  во повеќе наврати изјавила дека нејзиниот сопруг не сака да се фотографира и да се експонира во јавноста. Сепак, еден необичен гест откри се што треба да знаете. 

Сека го одржала последниот настап за оваа година во Белград. 

Пејачката, како и секогаш дошла со својот сопруг Вељко кој погрижил Сека да не настине, па ја нагрна со неговиот капут откако излегла од авомобилот. Но тоа не е се. Додека Сека пеела, Вељко се сместил на централното сепаре и со пријателите уживал во нејзините хитови. 

Сека атмосферата ја вжештила, Вељко во еден момент ја соблекол кошулата и наздравил со друштвото. И тогаш ја покажал роамнтичната порака за неговата жена на десната рака. 

- Моето срце е кралство,  ти не знаеш за неговите граници, но  повторно си негова кралица, Светлана, ова пишува на тетоважата. 

Сека малку по малку гледала во сопругот заљубено, токму како да се напочетокот од врската. И најубавите љубовни песни му ги посветила токму него.