Решенија за принуден неплатен одмор добиле 5.305 невакцинирани здравствени работници во Грција
– Решенија за принуден, неплатен одмор досега добиле 5.305 невакцинирани вработени во здравството во Грција, соопшти алтернативната министерка за здравство Мина Гага, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во болниците лекарите се 2,1 отсто, односно 447 од вкупно 21.000, од медицинските сестра се 2.700 од вкупно 40.000, а од административниот персонал се 879 од вкупно 11.960 вработени, рече Гага.
Дополнително, објасни дека доделени се решенија на 5,8 отсто од вкупниот број вработени и потенцираше процентот не е голем, а тие се во континуиран контакт со сите болници, за да се решат евентуалните проблеми со недостиг на персонал.
Од 1 септември вакцинацијата е задолжителна за здравствените работници и сите вработени во државните и приватните болници, а во спротивно доколку не се вакцинираат ќе бидат на принуден, неплатен одмор на неодредено време.
Министерството за здравство на Грција, достави амандман, што веќе е изгласан од Парламентот, со кој им се дава можност на невакцинираните здравствени работници регуларно да се вратат на работа доколку ја примат првата доза и со предуслов да ја завршат имунизацијата, наспроти претходната одлука што не им гарантираше враќање на истата позиција, во случај на вакцинација по 1 септември и добивање решение за принуден неплатен одмор.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
