Решен проблемот со електричната енергија за основните училишта во Кичево

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари, денеска постигна договор со компанијата ЕВН за пуштање на струјата, со цел да се овозможи одвивање на редовниот едукативен и научен процес во основните училишта во градот.
Ситуацијата со прекин на електрична енергија во основните училишта во Кичево, беше голема грижа не само за родителите и учениците кои следат настава во ОУ „Санде Штерјоски“, ОУ „Кузман Ј.Питу“ и ОУ „Д-р. Владимир Полежиноски“, но и за основачот, односно општината.
Напорите најдоа на разбирање и од вечерва во сите три објекти, електричната енергија нормално ќе функционира, а неплатените долгови, повторно ќе ги преземе општина Кичево, информираа од секторот за односи со јавноста при општина Кичево.
Истовремено, известуваат дека општината и Родителските совети на училиштата, со заедничко барање ќе се обратат до Владата на РМ за да добијат нафта за греење.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
