Републиканците побараа оставка од Бајден по неговото излегување од изборната трка
Неколку републикански лидери, вклучително и претседателскиот кандидат Доналд Трамп, побараа од американскиот претседател Џо Бајден да си поднесе оставка од функцијата откако тој се повлече од изборите во ноември.
-Кривиот Џо Бајден не беше способен да се кандидира за претседател, и секако не е способен да служи – и никогаш не бил, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Трамп го нарече Бајден „најлошиот претседател, убедливо, во историјата на нашата нација“.
Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и другите републикански законодавци лојални на Трамп ги повторија барањата на нивниот кандидат.
-Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тој не е способен да служи како претседател. Тој мора веднаш да поднесе оставка од функцијата.
Има уште доволно време до 5 ноември, изјави во соопштение Џонсон, алудирајќи на денот на изборите.
Конгресменката Елис Стефаник, четврторангирана републиканка во Претставничкиот дом, додаде дека „ако Џо Бајден не може да се кандидира за реизбор, тој не е во состојба и не е способен да служи како претседател на САД“.
-Тој мора веднаш да поднесе оставка. -Ако Демократската партија сметаше дека Џо Бајден не е способен да се кандидира за реизбор, тој секако не е способен да ги контролира нашите нуклеарни кодови.
Бајден мора веднаш да се повлече од функцијата, рече на социјалните мрежи, третиот по ред републиканец во Претставничкиот дом Том Емер.
Законски, барањата на републиканците за оставка на Бајден немаат никакво значење, велат експертите.
Претседателот има овластување да го отслужи остатокот од својот мандат, рече Мајкл Торнинг, директор во Двопартиски политички центар.
Во својата најава дека се повлекува од претседателската трка, Бајден прецизираше дека тој останува претседател на САД сѐ до истекувањето на неговиот мандат во јануари 2025 година.
Белата куќа не одговори на барањето за коментар во врска со барањата на републиканците. До синоќа никој од демократските лидери не коментираше на републиканските повици Бајден да поднесе оставка.
Наспроти тоа, врвот на Демократската партија ја поддржа одлуката на претседателот тој да остане до крајот на својот мандат, а излегувањето од изборите и давањето простор помладите демократи да се борат против Трамп беше наречено голем патриотски чин и несебична жртва за конечен пораз на републиканскиот кандидат.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина