Македонија
17. September 2015 - 17:22

,,Република‘‘ - Корумпираноста на владата на Бучковски и Шеќеринска ги чинела граѓаните 38,4 милиони евра

Најмалку 38,4 милиони евра платиле македонските граѓани поради корумпираноста на Владата на Бучковски и Шеќеринска, покажуваат документите од судот во САД кои ги објави Република.

Документите покажуват дека функционери на СДСМ земале до 12 милиони евра мито за да спречат влез на конкурентен мобилен опратор на македонскиот пазар, а за цело тоа време граѓаните плаќале енормно виоски суми за телекомуникациските услуги.

Како што пишува Република, доказ за тоа е скандалозната пресметка која  во 2005 директорот за стратегистки комуникации на Маѓар Телеком му ја испратил на бордот на компанијата, која американскиот суд ја користи како доказ. Според оваа пресметка, како што пишува Република  унгарската компанија од потплатувањето на политичарите на СДСМ и ДУИ, во период од две години заработува неверојатни 38,4 милиони евра.

Воведуањето на трет оператор во Македонија не само што го бараа македонските граѓани кои тогаш за минута разговор на телефон плаќаа и по 50 денари, туку тоа беше обврска која европската унија и ја наложи на тогашната влада предводена од Бучковски и Шеќеринска.
Но наместо нов оператор, функционерите на СДСМ, како што пишува Република си ги полнеа џебовите со милионите кои доаѓаа од унгарската компанија.
Третиот оператор во Македонија влезе дури по падот на владата на СДСМ и доаѓањето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА со што почна демонополизацијата на македонскиот телекомуникациски пазар а тоа граѓаните веднаш го почувствуваа со драстично намалување на цената на телефонскиот импулс и интернет сообраќајот.