„Република“: ИД ги користи балканските пристаништа
Џихадистите од Исламска држава ги користат пристаништата во Хрватска, Грција, Албанија и Црна Гора за префрлање на луѓе од Сирија во Европа и обратно, пишува италијанскиот весник „Република“.
Според весникот џихадистите наводно го користат морскиот пат од Бари од каде со траекти се стигнува до Дубровник. Поради тоа во Бари се засилени безбедносните мерки. Зајакнати се и полициски патроли кои ги проверуваат патниците. Дополнителни контроли се вршат и на аеродромите.
Од пристаништето Бари со траекти џихадистите патуваат кон хрватските, црногорските и грчките пристаништа, како и кон Албанија, посочува „Република“.
Пред неколку недели италијанските служби објавија дека во текот на август постои зголемена опасност од терористички напади во земјата, поради што е зајакната безбедноста во Рим на ниво два, од можни три.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста