Републички литературен детски фестивал „Ракатки“
Во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш, денеска и утре, ќе се одржи 13. Републички литературен детски фестивал „Ракатки“.
Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ по распишаниот конкурс за најдобри литертатурни творби од ученици од основните училишта во земјава, од голем број пристигнати творби селектира триесетина кои ќе учествуваат на средбите во Радовиш.
На годинашниот фестивал со свои творби, поезија и проза ќе настапат наградените учесници. На младите литерати ќе им бидат врачени дипломи и награди. На приредбата ќе учествуваат и повеќе млади музичари и писатели за деца и млади.
Фестивалот, како што е најавено, ќе го отвори Сашко Николов, градоначалник на Општина Радовиш.
Манифестација во текот на своето постоење се одржува, главно, во Скопје, а одредени години ја прифаќаат и други градови од државата. Годинашен покровител на фестивалот е Општина Радовиш.
Ново на Сител
-
Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје
-
Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведен 29-годишник, пронајдена дрога
-
Парламентарни избори во Австралија
-
Тројца со насилство барале малолетник да влезе во казино, поведена постапка
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“