Фудбал
26. March 2017 - 19:55

Репрезентативците посакуваат серија на добри резултати

Македонската фудбалска репрезентација попладнево одржа тренинг во центарот „Петар Милошевски“ , прв по враќањето од Лихтенштајн каде оствари квалификациска победа од 3-0.  Според селекторот Ангеловски дуелот со Белорусија е можност да направиме серија на добри резултати по подолго време:

„Секој резултат позитивен е значаен за нас затоа што знаеме какви резултати во минатото бележеше репрезентацијата. 
Еве оваа победа во Лихтенштајн добро ни дојде за да дадеме се од себе против Белорусија и да врземе два резултати во серија. Се работи за добра селекција  и мислам дека Белорусија е тука некаде на наше рамниште“
Средбата со Белорусија се игра на Арената Филип Втори со почеток во 18ч (Директно на ТВ Сител 3).