-->
-->
Репрезентацијата на Азербејџан мистериозно исчезна од Сплит?!
-->
Сплит е домаќин на Европското првенство во кревање на тегови, првенство кое по првиот ден го обележа мистерсиозното исчезнување на репрезентацијата на Азербејџан. како што објави „Јутарњи лист“, на седумминат репрезентативци на оваа земја преку ноќ им се губи трагата.
На Европското првенство во Сплит пристигнале 42 репрезентации, меѓу нив и азербејџанската, со седуммина натпреварувачи: Октај Мухтаров, Махамад Мамадли, Камар и Хусеин Исмајлов, Иса Растамов и Илхам Мамадов, на кои по 24 часа им се губи трагата.
Репрезентативците на Азербејџан пристигнале во Сплит, се пријавиле во хотелот, а потоа им се губи трагата. Тие не се појавиле ниту во салата каде се одржува Европското првенство, ниту пак некој од седуммината Азербејџанци потоа бил забележан во хотелот каде го пријавиле својот престој.
Мистериозното исчеснување, според хрватските медиуми, е предизвикано од ригорозните допинг контроли. Азербејџанците минатата година останаа без седум ѕвезди во кревање на тегови, чии допинг тестови беа позитивни, поради што „Јутарњи лист“ се соменва дека ригорозната допинг контрола е причината за „исчезнувањето“ на една цела репрезентација.
Инаку, оддалеченоста на главниот град на Азербејџан, Баку од Сплит по воздушен пат е 2.770 километри, а по копнен пат речиси 4.000 километри (3.973 км).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Ќе набавиме тестови за дрога за сообраќајната полиција
-
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум
-
34-годишен Тетовец силувал малолетник
-
СДММ: Бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов - возел пијан, без возачка, направил сообраќајка
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години