-->
-->
Репрезентацијата добива уште едно засилување
-->
Големиот талент и фудбалер во првиот тим на швајцарски Грасхоперс, Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија.
Младиот офанзивен фудбалер Никола Ѓорѓев е роден на 22. август 1997 година во Баден, Швајцарија и досега настапуваше за младинските селекции на земјата во која е роден. По разговорите кои претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и стручниот штаб во А репрезентацијата ги водеа со Ѓорѓев и неговите родители, младиот фудбалер реши да го промени спортскиот пасош и да настапува за Македонија.
-Среќен сум што ќе имам можност да бидам дел од репрезентацијата на Македонија. За мене и моето семејство беше многу значајно тоа што претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски дојде во Швајцарија и влијаеше на одлуката, иако, искрено одсекогаш сакав да настапувам за Македонија. Сакам да помогнам, варувам дека ќе добијам вистинска шанса и со нетрпение го чекам првиот повик. Веќе две години поради обврски со првиот тим на Грасхоперс не сум бил во Македонија и навистина се радувам што ќе имам можност да дојдам и да бидам дел од репрезентацијата. За мене ова е голем момент, благодарност до луѓето од федерацијата кои на вистински начин ми ја претставија работата во националните тимови и сега ни преостанува заеднички да се трудиме да направиме успеси, изјави Никола Ѓорѓев.
По Давид Митов Нилсон, Аријан Адеми, Бесарт Абдурахими и многу други фудбалери кои имаат македонско потекло и сега настапуваат за младите национални селекции, Никола Ѓорѓев е последното големо засилување за селекцијата на Македонија. Неговите родители потекнуваат од струмичко Ново Село, а во Швајцарија се преселени пред повеќе од 25 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден