Репортер на Би-Би-Си: Младиќ е архетипски психопат
Поранешниот репортер на Би-Би-Си, Пол Мартин за „Индипендент“ раскажува за своите искуства со поранешниот командант на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, нарекувајќи го психопат.
Мартин, кој го интервјуираше Младиќ за време на војната во Босна и Херцговина, наведува дека воениот лидер на босанските Срби бил поинаков од другите воени злосторници кои ги запознал за врема на неговата 40-годишна кариера.
- Беше поинаков од сите други воени злосторници, кои сум ги сретнал. Немаше ниту трошка сочувство или емпатија. Тоа го видов во неговите безизразни сини очи и неговата опсесија со сопствениот живот. Беше архетипски психопат, истакнува Мартин.
Тој го опишува и односот на Младиќ со командантите на бошњачките и хрватскте сили.
- Младиќ толку долго служеше во Југословенската народна армија што лично ги познаваше голем број команданти од бошњачката и хрватската страна. Понекогаш разговараа по радио врска. Ќе ги прашаше за здравјето, за жените и за деца, а потоа ќе им кажеше - за десет минути ќе ве испратиме до пеколот и назад или нешто слично, истакнува Мартин.
Тој тврди дека и односот на Младиќ со поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ бил непријатен.
- Еднаш додека двајцата стоеја пред мене прашав кој од кого добива наредби. Младиќ рече дека поднесува извештај, но оти тој е командант во таа војна, пишува Мартин.
Тој додава дека еднаш со хеликоптер отишол со Младиќ и Караџиќ „да види масакр во српските села“.
- Кога слетавме видовме тела на 28 Срби. Караџиќ се сврти и во камера изјави: Ако вака се продолжи, мислам дека нема да останат муслимани во Босна, тврди Мартин.
Караџиќ минатата година е осуден на 40 години затвор, а Младиќ вчера е осуден на доживотен затвор.
Ново на Сител
-
Јаневска: Очекувам годинава државната матура да помине во ред и мир
-
Узбуна во автомобилската индустрија, можно е да биде присилена да го запре производството
-
Протести во Бугарија против воведувањето на еврото
-
Интер и ПСЖ во жестока борба за трофејот од Лигата на шампионите
-
Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
-
Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига
-
Трамп: Маск направи фантастична работа додека беше шеф на Одделот за владина ефикасност
-
„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво