Реплика на урнат споменик од Палмира подигнат во центарот на Лондон
Лондон, 19 април 2016 (МИА) - Копија на оригиналниот споменик од сирискиот антички град Палмира, што минатата година го уништија џихадистите на Исламска држава (ИД), е подигнат денеска на плоштадот Трафалгар, во центарот на Лондон.
Моделот на една Триумфална врата, е изработен од египетски мермер, од Институтот за дигитална археологија со користење на 3Д технологија, врз основа на фотографии од оригиналниот споменик.
По Лондон, споменикот од Палмира ќе го обиколи светот, во акција која е означена како солидарност со ова најзначајно античко наоѓалиште на Блискиот Исток.
Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон отворајќи го споменикот-реплика рече дека тој претставува „триумфална врата на технологијата и човековата одлучност“.
Џонсон ги повика Лондончани и сите посетители на британскиот главен град да дојдат на Трафалгар и да го разгледаат споменикот, пркосејќи му на варваризмот и на варварите кои ја уништија оваа античка Триумфална врата.
Оригиналниот споменик во Палмира е изграден од Римјаните пред две илјади години, на локација која се наоѓа североисточно од сирискиот главен град Дамаск.
Според главниот сириски архитекст кој го посетил локалитетот веднаш по неговото слободување од џихадистите, 80 отсто од Палмира се уште се на своето место, како и пред да биде заземена од ИД.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата