Реновирани просториите во интернатот во Кавадарци

Реновирани се просториите во државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков” во Кавадарци. За промена на подот на површина од околу 400 квадратни метри, општината издвоила околу 300 илјади денари. Дополнителни околу сто илјади денари биле вложени и од самата државна установа.
- Новата инвестиција значи и подобрување на условите во овој ученички дом. Во оваа прилика најавуваме инвестиција и за наредната година, за купување нови душеци. Можно е сумата која што ќе се издвои да биде и малку поголема од сега вложената во овие простории, рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов при денешната посета интернатот.
Директорката Трајанка Толева информираше дека на стартот на новата учебна година, во интернатот се сместени 60 средношколци од цела Македонија. Тие посетуваат настава во кaвадаречките средни училишта и како што нагласи Толева, благодарение на Владата на Република Македонија, бесплатно престојуваат во домот.
Градоначалникот Панов нагласи дека на стартот на новата учебна година, сите воспитно образовни институции од општина Кавадарци се во кондиција на највисоко ниво и наставата започна без проблеми.
Осврнувајќи се и на другите инвестиции во воспитно-образовниот процес во општината, тој потсети дека во тек е изградба на концертна сала за основното музичко училиште, за кое има иницијатива да прерасне во средношколски центар.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
