Ренци: Во Италија треба да се спроведат избори колку што е можно поскоро
Италијанскиот премиер во оставка Матео Ренци, истакна денеска дека колку што е можно поскоро во земјата треба да се спроведат нови избори.
Ренци ја даде оваа изјава во моментот кога неговиот наследник предвидува консултации со партиите за формирање на нова Влада, јави БТА.
Ренци поднесе оставка минатата недела откако изгуби на референдумот со кој се предвидуваа уставни реформи, а вчера претседателот на Италија Серџо Матарела му наложи на министерот за надворешни работи Паоло Џентилони да се обиде да состави нова Влада.
- Се надеваме дека ќе се упатиме кон избирачките места што е можно поскоро, истакна Ренци на средбата со неговата Демократска партија.
Џентилони спроведе консултации со повеќето парламентарни партии и наведе дека ќе се сретне со италијанскиот претседател подоцна денеска, кога се очекува да соопшти дека располага со потребното парламентарно мнозинство.
Лидерот на парламентарната група на Демократската партија во долниот дом Еторе Розато нагласи, по средбата со Џентилони, дека партијата ќе ги поддржи неговите напори, но дека законодавната власт „го загубила стремежот“ и дека наскоро треба да се спроведат нови избори.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o