Рената од Македонија е најубавата госпоѓа на планетата

На престижниот „Mrs.Planet 2016“, интернационален избор за убавина на кој се натпреваруваат мажени жени, нашата земја ја претставуваше убавата мајка, сопруга и деловна жена Рената Чапароска, која триумфира со неколку освоени титули: „Лице на Созопол”, „Најубави вечерни фустани” „Mrs.Planet – 2016 за најубава жена”.
-Претставувајќи се себеси јас лично ја покажав убавината на мојата земја, во која подеднакво се раѓаат убави, интелигентни и вредни жени кои знаат да го искористат како професионалниот така и личниот став кон убавината што треба секој од нас да ја негува не само надворешно туку со сето свое внатрешно битие, вели таа за Фешнел.мк.

За да се учествува на овој избор треба да се сиполнат неколку услови, а најваже е учесничката да биде полнолетна, односно на возраст од 18 до 40 години и секако да поседуваат убавина и стандардните пропорции како висина, тежина, шарм, итн. Ова натрепварување е меѓународно.
Нашата Рената се натпреварувала со учеснички од Европа, Азија, Латинска Америка, Африка, Австралија, Русија.
Рената Чепароска е вработена во Институтот за јавно здравје во службата за односи со јавноста, но и покрај работниот ангажман, не планира да се откаже од модата.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
