Рекордно висок одѕив на изборите за претседател на Чешка
Граѓаните на Чешка утрово, на вториот ден од вториот круг на претседателските избори, масовно излегуваат на гласање за да одлучат кој ќе биде новиот лидер на државата. Се предвидува историски рекорден одѕив бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи веќе излегоа вчера, на првиот ден од гласањето.
Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а потоа и шеф на Воениот комитет на НАТО, пензионираниот генерал Петар Павел и петтиот најбогат човек во Чешка, тајкунот од агро и хемиската индустрија Андреј Бабиш.
Бабиш е поранешен популистички премиер, сега лидер на опозицијата. Тој е со словачко потекло.
И генералот Павел и милијардерот Бабиш вчера ветија дека нема да го следат примерот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека ќе прифатат, доколку бидат поразени на изборите, и дека ќе ги повикаат своите поддржувачи да го почитуваат новиот претседател.
Големиот интерес на Чесите за овие трети директни избори за шеф на државата ги принуди медиумите да применат нови технологии и вештачка интелигенција за да објават предвидување на многу мал примерок од преброените гласови, околу 10 отсто, набргу по затворањето на гласачките места во 14 часот. Во првиот круг, пред 14 дена, исклучително прецизно ги предвидоа резултатите. Резултатите ќе бидат објавени вечер.
Според предизборните анкети и модели, Павел е фаворит со можни 53 до 58 отсто од гласовите за поддршка.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп