Македонија
7. August 2019 - 14:23

Рекордни 45,7 степени измерени во 2007 година

Највисоката температура во земјава од 45,7 степени е измерена во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Тоа лето се регистрирани и 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 во Штип и 43,3 степени во Скопје.

Според евиденцијата на УХМР, највисоката температура за август во периодот од 1951 до 2018 година е измерена, исто така во Демир Капија 44,5 степени.

Во август во Гевгелија максималната измерена температура е 43,8 степени, во Штип 41,7, во Скопје 41, Струмица 40,5 степени, Прилеп 39,4, Битола 39, Крива Паланка 38,2, Охрид, 36,7, Берово 36, маврово 35,1 и Лазарополе 34,1 степен Целзиусов.

Метеролозоите за наредните денови најавија тополотен бран со температури до 41 степен. Од денеска е активирана жолта, а од утре портокалова алертна фаза.с