Рекордни 22 жртви на Ковид-19 за еден ден во Косово
Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.062 од појавата на болеста, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 22 починати, што претставува нов црн рекорд на жртви на епидемијата во еден ден, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот дневен извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вчера се регистрирани нови 627 заболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата достигна до 41.299.
Во истиот период се евидентирани и 543 излекувани, а вкупно досега болеста ја совладале 26.453 лица, кај кои бил дијагностициран Ковид-19.
Активни носители на новиот коронавирус во Косово во моментов, според официјалните податоци, се 13.748 случаи.
Вчера се извршени 1.510, а вкупно досега 148.213 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива