Рекордна неизлезност на вториот круг општински избори во Франција
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека излезноста на гласачите на вториот круг општински избори до 17 часот, односно еден час пред затворањето на гласачките места во најголемиот број од местата каде што се гласаше, беше 34,67 отсто.
Според институтите за испитување на јавното мислење, апстинентите треба да бидат меѓу 59 и 59,5 отсто од гласачкото тело, и покрај стриктните санитарни мерки кои требаше да ги охрабрат гласачите да излезат на гласање.
На гласачките места каде гласањето заврши во 18 часот, веќе се започна со пребројување на гласачките ливчиња. Првите резултати ќе бидат соопштени по 20 часот. Исходот од изборите е многу неизвесен во Лион, Марсеј, Тулуз, Стразбур, Монпелје, Нанси или Лил, главно под притисок на еколозите.
Денешното гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, но поради епидемијата поради коронавирусот, гласачите беа повикани да гласаат речиси три и пол месеци по првиот круг, во 4.820 општини каде 16,5 милиони избирачи имаат избор меѓу 157.000 кандидати.
Ново на Сител
-
Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
-
Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба
-
Концерт на Марија Николовска во Њујорк
-
Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
-
Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија
-
Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари