-->
-->
Рекорден број учесници на „Виз Ер Скопски маратон“
-->

Во недела низ улиците на Скопје ќе се одржи 13.то издание на Виз Ер Скопски маратон, а на денешната прес конференција одржана во просториите на градот Скопје организаторите објавија дека повеќе од 8.500 учесници од 51 држава ќе бидат дел од овој настан. Воедно тоа значи дека бројката е зголемена за 1.000 учесници.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна:
- Град Скопје со неизмерно задо0волство го поддржува овој светски спортски настан кој со години ја надградува спортската култура во Скопје и во Македонија. Виз ер Скопски маратон полека станува незаменлив дел од град Скопје, поттикнувајќи илјадници професионалци и рекреативци да се натпреваруваат не само за награда, туку и за дружење. Градот финансиски со 1.200.000 денари ќе го помогне овој настан и секако на помош ќе бидат и јавните претпријатија.Ги повикувам сите граѓани да уживаат на овој ден и воедно да ги охрабрат сите натпреварувачи.
Директорот на Виз Ер Скопски маратон Кире Синадиновски изјави:
- Повеќе од 8.500 учесници ќе бидат дел од трките што ќе се одржуваат во недела. Од година во година Скопски маратон станува најпосетуван и најинтересен настан во Македонија, а за успешна организација голема помош имаме од волнтерите, поддржувачите. Оваа година како промотери на Скопски маратон се сестрите бличначки од Естонија познати маратонки Леила, Лили и Лина Луик, кои лани учествуваа на Олимписките игри во Рио.
На прес конференцијата беа присутни и промотерките од Естонија, како и македонската шампионка во маратон Весна Кираџиева и Дарио Ивановски, кој пред неколку недели победи на полумаратонот во Белград.
Учесниците стартните пакети ќе можат да ги подигнат денеска до 19 часот и утре од 10 до 19 часот во Парк Хотел и Спа.
Стартот на маратонската и полумаратонската трка, како и на шатафетниот маратон е во 8:30 часот, а на трката од 5 километри 15 минути подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
