Рекорден број грипозни за една седмица регистрирани во Кавадарци

Рекорден број грипозни лица за една седмица се регистрирани оваа сезона во Кавадарци, информираше денеска доктор Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје.
Само изминатата седмица, посочи, во Кавадарци се регистрирани нови 343 новозаболени од сезонски грип.
- Сега вкупната бројка на грипозни се искачи на 820 оваа сезона, а тоа е неколку пати повеќе од ланските 181 заболено лице во овој период од годината. Но, мораме да нагласиме дека имало и години кога оваа бројка била и поголема во истиот период од сезоната за грип, појасни Јовановски кој е специјалист епидемиолог.
Тој соопшти дека и понатаму најчесто заболуваат од грип лицата на возраст од 15 до 65 години, а веднаш по нив се оние од 5 до 14 години.
- Со оглед на временските прилики, очекуваме оваа бројка да расте и понатаму. Препорачуваме заболените да се изолираат и да се лекуваат во домашни услови. Да пијат течности, чаеви, сокови, негазирани пијалоци и витамини, да мируваат во постела без физички напрегања и доколку се појават компликации, да побараат помош од матичен лекар, советуваше докторот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
