-->
-->
Реконструкција на Занаетчискиот дом во Куманово
-->
Наскоро ќе почне реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово, информира денеска Центарот за развој на североисточниот плански регион.
Како што изјави раководителот на Центарот Младен Протиќ, се чека на потпишување договор со фирма - изведувач од Прилеп која треба да достави банкарска гаранција.
Реконструкцијата ќе ги опфати трите ката на објектот или околу 640 квадратни метри, а се очекува да заврши до ноември годинава.
За проектот, Центарот за развој минатата година аплицираше со проект до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово со одлука на Советот, учествува со 100.000 евра за реконструкција на Занаетчискиот дом.
Занаетчискиот дом е споменик на културата поради што надзор на реконструкцијата ќе прави Конзерваторскиот центар од Скопје.
Домот, и покрај санацијата, ќе ја задржи почетната намена - услужни дејности и репрезентација. На првиот кат, објасни Протиќ, е предвидено да има фоаје, свечена сала, тераса, складишен простор, тоалети, на вториот галерија со 123 седишта и други простории, а на третиот - пет одделни простории. Во Домот ќе се оддржуваат промоции, изложби, симпизуми, предавања, семинари и слчни манифестации.
Последен пат галеријата во објектот е реконструрана во 1983 година.
Објектот по кој е препознатливо Куманово, е дело на рускиот архитект Владимир Антонов и е граден по иницијатива на занаетчиите од Куманово, а е пуштен во употреба 1930 година. Во текот на годините во него биле сместени неколку институции - народен магазин, општински синдикален сојуз, локален весник и радио, кино Напредок, Одделението на Архивот на Македонија, различни трговски објекти и занатечии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот