Реконструкција на водоводната мрежа во Долно Лисиче
Општина Аеродром ја почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „1“, од крак еден до крак 10 во Долно Лисиче, со средства обезбедени од ЕУ ИПА инвестицискиот фонд.
Според најавите, реконстукцијата ќе чини околу 126 илјади евра од кои 25 отсто ќе бидат кофинансирани од државата, а сите трошоци над предвидениот буџет ќе бидат покриени од општина Аеродром. Се планира работите да завршат до крајот на септември.
- Ова е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа за развивање на регионот и важен чекор за целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето во овој дел од општината. Грантот се очекува во голема мера да придонесе за подобрување на квалитетот на живот во Долно Лисиче, велат од општина Аеродром.
Постојната водоводна мрежа во овој дел од општината, додаваат, е дотраена и не ги задоволува потребите на населението, поради што често се јавува недостиг од вода, особено во летниот период. Била проектирана за 200 домаќинства и е изведена според проект направен во 1977 година, а моментно во Долно Лисиче живеат повеќе од 1.200 домаќинства со 3.500 жители.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците
-
Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
-
Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица
-
ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
-
Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата
-
Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода
-
Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир