Реконструкција на крстосницата кај последна 5-ка во Ново Лисиче

Град Скопје и Општина Аеродром започнаа проширување и реконструкција на крстосницата на булеварот АСНОМ со Февруарски поход во должина од 430 метри. Почетокот на градежните работи денеска ги означија градоначалниците на Скопје и Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски при што нагласија дека со продолжувањето на овој дел од булеварот ќе се заокружи инфраструктурата за новата населба покрај Вардар, а присуствуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Проширувањето на булеварот „АСНОМ“ ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација со должина од 221 метар, со профил на цевките од 500 милиметри, истакна Трајановски.
Појасни дека за осветлување на новопроширената сообраќајница ќе се постават 28 столба за улично осветлување, високи по 10 метри.
Градоначалникот Коневски појасни дека реконструкцијата на булеварот ќе започне од објектот на Фудбалската федерација на Македонија до почетокот на населбата Горно Лисиче каде ќе се изградат четири сообраќајни ленти.
-Општина Аеродром ја изгради целата секундарна инфраструктурна мрежа во делот кај новите згради. Со тоа значително ќе се подобрат условите за сообраќај, но и безбедноста во овој дел од општината. До сега се инвестирани околу 120 милиони денари, истакна Конески.
За реконструкција на булеварот Град Скопје ќе вложи 31,8 милиони денари, а градежните работи ќе ги изведува „Бетон“ АД Скопје. Рокот за изведба е 150 дена.
Ново на Сител
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
-

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање - миење заби, раце и храна со флаширана
-

Приведени тројца по претреси во скопскиот регион, пронајдени дрога, пиштол и куршуми
-

Обвинителство: Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
