Македонија
30. October 2016 - 16:15

Реконструкција на езерскиот кеј во охрид

Ќе се реконструира градскиот кеј а интензивно се градат и трите пешачко -рекреативни патеки во главниот туристички центар.Градежната механизација работи на потегот од  Студенчишта до Парк,покрај Каналот до Биљанини извори како и во стариот дел од градот до Канео.Атрактивните патеки изградени од природни  материјали ,камени плочи и дрво ќе привлекуваат голем број на охриѓани и туристи.

Поради нарушената статика и значителни оштетувања ќе се реконструира и уредува кејот. Проектната инвестиција изнесува 1,2милини евра.

Едно од најрепрезентативните места Кејот Македонија  ќе добие нов современ лик ,а патеките ќе ја збогатат туристичката понуда во Охрид.