Реконструирана зградата на Основниот суд во Тетово

Заврши неколкумесечната реконструкција на зградата во која се сместени Основен суд – Тетово, Основното јавно обвинителство и Државното правобранителство. Објектот доби нов надворешен изглед, а извршено е реновирање и на неколку инфраструктурни елементи на зградата.
– Во овој дел се обезбеди средтсва од 100 илјади евра кои се однесуваат на реконструкцијата на објектот. Извршена е реконструкција на покривот, поставување изолација, поставување плафони на целиот трет кат, замена на олуци, поставување термична изолација и нова фасада, изјави Лидија Илиевска, портпарол на Основен суд во Тетово.
Таа истакна дека во текот на наредната година ќе има нови зафати за подобрување на условите во зградата.
– Наредната година, според планот за јавни набавки, предвидена е реконструкција на сите санитрани јазли, рече Илиевска.
Зградата на Основен суд – Тетово е изградена во 1962 година.
Ново на Сител
-

Мирослав Илиевски од Крива Паланка е добитник на автомобил од наградната игра на „Рамстор”
-

Пред празничниот период грипот почна да зема замав
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
