Балкан
6. July 2017 - 15:45

Рекол на цариниците дека нема ништо да пријави но кога ги подигнал ногавиците имало што да видат

За време на излезната контрола на граничниот премин Батровци цариниците успеале да спречат 100.000 непријавени евра да бидат изнесени од земјата.

Случајот е забележан во утринските часови, кога на преминот пристигнал брачен пар од Белград во придружба на уште една женска личност.

Иако на царините им кажале дека немаат што да пријават, сепак тие извршиле детален претрес на автомобилот и личен претрес на патниците.

Така во чорапите на 69-годишниот патник биле пронајдени 125.000 евра, а во неговиот паричник уште 450 евра.

На патниците им е вратен дозволениот износ од 10.000 евра, додека останатиот дел од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.