Река: Приближување кон ЕУ и држава без дискриминација
Приближување на Република Северна Македонија кон Европската унија, но и држава без дискриминација во која владее законот, како и продолжување на работата на Специјалното јавно обвинителство се дел од пораките на кандидатот за претседател на Алијанса на Албанците и Беса, Блерим Река кои вечерва ги испрати на митингот во Струга.
Доколку биде избран за претседател на државата, тој пред стружани посочи дека ќе ги реши сите проблеми со соседите, бидејќи, како што рече, една од неговите пароли е „нула проблеми со соседите“.
– Ќе работам на тоа да не завршиме како празна држава, бидејќи до сега една четвртина од населението ни се исели. Сите анализи на Светската банка говорат дека до 2040 година ако не направиме некоја поголема промена во социјалните и другите политики, можеме да завршиме со половина помалку населнеие од сега, истакна Река.
Со своите глобални политики, додаде, ќе ја приближи земјата кон ЕУ.
– Пред стружани испратив универзални пораки за универзални вредности за републиката која е една и за сите, во која нема дискриминација на никаква основа, ни на верска, ни на етничка. За една република на рамноправни граѓани, за една република во која владее законот, а не поединецот и за една република која не трпи политизирано судство, непотизирана јавна администрација и сигурно нема да трпи политички пазари на партиите за да се укине Специјалното јавно обвинителство. Тоа треба да продолжи затоа што СЈО е гарант на начелото на владеење на правото, посочи Река.
Ново на Сител
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски