РЕК Битола повторно работи само на еден блок
Според последните информации до кои дојде Сител, кратко откако одговорните во РЕК Битола го вратиле во мрежата Блок 2 се случил нов дефект но сега на Блок 1 кој во моментов е надвор од системот.
Според се уште неофицијални информации, станува збор за пукната цевка на некој од системите и според првичниот увид, проблемот ќе биде саниран најверојатно во текот на денешниот или утрешниот ден.
Во меѓувреме, недостатокот на електрична енергија ќе се надоместува со влечење на струја од заедничкиот европски систем за цена која е повеќе пати повисока од онаа која ја имаме со домашно производство на струја во РЕК Битола.
За разлика од денешниот ден, вчера во РЕК Битола не работеше вториот блок а од компанијата информираа дека станувало збор за надградба на безбедносен систем.
До овој момент нема официјална потврда од РЕК Битола за каков дефект станува збор и кога капацитетот повторно ќе биде ставен во функција.
Македонија веќе подол период се соочува со сериозни проблеми во производството на електрична енергија. Покрај недостатокот на јаглен, земјава константно има проблем со откажување на термо системите во РЕК Битола поради што се влече струја од европскиот систем за што добивме и неколку предупредувања. Струјата која што ја повлекуваме од овој систем се плаќа по многу повисока цена што според сите анализи ќе значи и значително поскапување на струјата за граѓаните. Согласно методологијата, нова корекција на цената на електричната енергија треба да се направи на крајот на оваа година а прогнозите се дека од почетокот на наредната година, граѓаните ќе добиваат многу повисоки сметки за струја.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст