-->
-->
Реисот Реџепи: Судијката не ја жалам, нека почине, а со Владата веќе не сме на иста страна
-->

„Слушнав дека имала проблеми со здравјето, сега моментално. Но, не ја жалам, таквите нека починат“, изјави Реџепи, поздравен со аплауз од оние што беа до него.
Вчера почна да се спроведува судската одлука со која Скендер Бузаку во регистарот на црквите и верските заедници Бузаку треба да биде впишан како нов поглавар на ИВЗ.
Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи за сѐ ја обвини Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, односно нејзините раководни лица и додаде дека никогаш нема да го признае директорот на комисијата Дарјан Сотировски.
Реисот Реџепи уште кажа дека Владата е насочена против ИВЗ, но дека тој не е злосторник и нема тендери за да го краде народот.
„Мене ме одликувал Доналд Трамп, да му даде Господ среќа. За цел свет сум носител на мир и спокој, само во Република Македонија сум демонстрирал сила. Јас не се заканувам, се колнам. Туку вистината ги погодува луѓето. Ние таква власт и политика не сакаме. Зборувам во име на 13 муфтии. Едногласно ги усвоивме заклучоците дека ваква власт, која се занимава со ујдурми и анархија, нам не ни треба и заради тоа кажувам дека ние ова не го сакаме и не го заслужуваме. Авангарда на сите верски заедници била ИВЗ, секогаш водиме. Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот“, изјави тој.
Според него, државата е полициска, дека ова зло нема никогаш да биде заборавено и дека тој и ИВЗ ќе се вклучат во антипропаганда на овие избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија