Рехабилитација на постоечкиот пат Дреново - Прилеп ќе почне есенва
Ќе се рехабилитира постоечкиот пат за Прилеп. Тендерот за избoр на фирма ќе биде расишан оваа недeла. Министерот Сугарески очекува дека работите на терен ќе почнат веќе есенва односно пред крајот да годинашната градежна сезона.
Паралелно со рехабилитацијата на постоечкиот пат ќе трае и проценката на работите на новиот пат Градско - Прилеп односно делницата Дреново Фариш. Договорот со шпанската фирма Рубау која досега го градеше е раскинат и случајот ќе оди на арбитража.
Во меѓувреме, ќе има нов тендер за избор на фирма која ќе ги продолжи работите каде што Рубау застна.
Во Министерството за транспорт се задоволни од динамиката со која се реализираат капиталните инвестиции во секторот. Заклучно со август реализирани се 100 % од парите за изградба на социјални станови, над 70% има реализацијата кај изгрдбата на гасоводот, околу 60% кај патиштата, половина од парите за железница и се работи на 27 прокети од комуналната сфера.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар