Регулаторна и Енергетика се пожалија: Нетипично скапа струја во регионот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја информираа Европската енергетска заедница дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија.
Претседателот Марко Бислимоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со официјално писмо до директорот на ЕЕЗ Артур Лорковски бараат да мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои се регистрира голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја.
-Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите „ден однапред“ во јули 2024 година се движат од околу 159 ЕУР/MWh во Албанија, додека во Франција се околу 46 ЕУР/MWh. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионот, се вели во дописот испратен до ЕЕЗ.
Освен РКЕ и МЕРМС и ресорните министерства од Грција, Бугарија и Романија за оваа состојба ја алармирале Енергетската заедница.
Ново на Сител
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
