Регулација и уредување на Зрновска Река

Согласно општинската програма за регулација и уредување на Зрновска Река како и спречување од излевање на реката, општина Зрновци започна со изградбата на втората фаза за регулација и уредување на коритото на Зрновска Река, проект кој општината го реализира со финансиска поддршка од ИПА програмата.
- Со реализација овој проект Зрновска Река ќе се регулира во должина од 463 местри со што ќе се придонесе во многу за заштитата на објектите во близина на речното корито. Средствата за изградба на речното корито се обезбедени од ИПА грантот за развој на руралните средини и се во висина од 10 милиона и 700 илјади денари, изјави Блаже Станков, градоначалник на Зрновци при обиколката на теренот каде што се гради и регулира речното корито.
Речното корито на Зрновска Река се очекува да биде комплетно завршено за два месеца. Со реализација на овој проект ќе се подобри изгледот во центарот на населеното место Зрновци.
Ново на Сител
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
