Регистрирани првите нерегуларности на косовските избори

Невладината организација Демократија на дело (ДнВ) објави дека нејзините набљудувачи на почетокот на гласањето за вонредните парламентарни избори во Косово регистрирале неколку нерегуларности, пред се доцнење на почетокот на гласањето во некои гласачки места, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претставникот на ДнВ Исмет Криезиу информира дека гласањето се одвива на сите гласачки места, но со мало задоцнување се отворени 2,6 отсто од нив, и тоа поради доцнење на членови на гласачките комисии.
Освен тоа, во некои гласачки центри, иако е на сила изборниот молк, кој започна во петокот на полноќ, и натаму биле забележани материјали со пропагандна содржина на политичките субјекти.
Криезиу информира и дека во 30 отсто од изборните центри не е овозможен пристап на лицата со ограничени способности. ДнВ забележува дека 35 отсто од членовите на изборните комисии во целата земја се жени, што претставува напредок во однос на изборите од 2017 година, кога нивното учество беше 29 отсто.
Гласањето на овие парламентарни избори се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
