Регионални и сенатски избори во Чешка
Гласачките места во Чешка денеска од 14.00 до 22.00 часот, втор ден се отворени за гласањето на регионалните и изборите за една третина нови претставници во Горниот дом на Парламентот-Сенатот, јави дописникот на МИА од Прага.
Парцијалната промена на сенаторите се врши на две, а локалните избори на четири години.
Според информациите од Избирачките комисии, вчерашниот ден за гласање го искористиле една петтина од избирачите, иако имало гласачи кои го искористиле своето право за гласање на локалните избори, но не гласале за сенатори во Парламентот.
На изборите главно се залагаат да ја сочуваат својата предност Социјалните демократи (ЧССД) кои имаат мнозинство во 14-те регионални области во земјата и во Горниот парламентарен дом.
- Граѓаните се изјаснуваат за тоа дали сакаат да има понатамошен чекор кон уште поголемо автократско управување на општеството, изјави шефот на опозициската партија ТОП 09 Мирослав Калоусек. Петр Фјала, претседателот на Граѓанските демократи ОДС, исто така во опозиција, пак се надев дека изборите ќе бидат крај за владеењето на чешките Социјалдемократи.
Над осум милиони избирачи можат да гласаат за 11.800 кандидати на 87 партии и движења за 675 места на локални претставници.
За 27 сенаторски фотелји има 233 кандидати. Резултатите од изборире ќе покажат каков ќе биде распоредот на партиите на идните парламентарни избори кои треба да се одржат идната година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден