Регионалната платформа за слобода на медиуми го осуди нападот на косовскиот новинар Олури
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите, која претставува повеќе од 7.800 членови на новинарски здруженија од регионот, го осуди нападот врз косовскиот новинар Парим Олури.
Платформата, во која членува и Здружение на новинари на Македонија очекува од властите на Косово да дејствуваат брзо, да ги идентификуваат тројцата напаѓачи и да ги казнат соодветно. Истовремено ги повикува меѓународните организации кои се фокусирани на заштита на слободата на печатот и правата на новинарите да го побараат истото.
- Преку својот систем за мониторинг, ќе го следиме развојот на овој случај и во наредниот период ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни институции за конечните заклучоци, се вели во заедничката изјава.
Здруженијата на новинарите од регионот потсетуваат дека Олури и неговата свршеница беа нападнати на 16 август во Приштина, додека влегувале во нивната зграда од страна на три маскирани лица. Олури верува дека нападот е поврзан со неговите неодамнешни новинарски објави.
Олури е директор на insajderi.com, онлајн портал и е добитник на многу награди за неговата работа. Како што тврдат од Здружението на новинарите на Косово (AJK), Олури немал лични конфликти со никого и се убедени дека инцидентот е поврзан со неговата работа.
Здруженијата од регионот потсетуваат дека на Косово во 2017 година се регистрирани девет случаи на притисок, вербални закани и физички напади, вклучувајќи го и последниов напад врз Олури.
Ново на Сител
-
Кривични за злoупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на Плаошник
-
Тешко повреден работник во Пробиштип
-
Успеав да излезам од сенката на татко ми | Александар Михајловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 066
-
Бегајќи од полиција скокнал во Вардар и се повредил
-
АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
-
Пратениците донесоа повеќе закони
-
Празникот на сите светци - 1 ноември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби