-->
-->
Регионална олимпијада по експериментална физика во Куманово
-->
Во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ денеска се одржа третата регионална олимпијада по експериментална физика на која учествуваа 124 ученици од три држави. Натпреварот го организираат регионалното здружение на физичари од Струмица, софискиот клон на друштвото на физичари од Бугарија, друштвото на физичари на Македонија и кумановската гимназија.
- На оваа олимпијада ,учениците имаат можност практично да ги запознаат законите на физиката и доаѓа до израз практичната примена на физиката како наука. Учениците добиваат сертификати кои понатаму ќе им служат за нивното понатамошно образование, изјави Стојан Манолев, претседател на регионалното здружение на физичари Струмица.
На денешнава олимпијада учениците се натпреваруваа на тема отпорници.
- Оваа иницијатива почна пред неколку години. Ова е трета по ред олимпијада, преходно се одржаа „Ден на фотонот“ и „Ден на капациетот’, изјави Боце Митревски од Друштвото на физичари на Македонија.
Учениците кои учествуваа на олимпијадата очекуваат добри резултати и продлабочување на нивните знаења за експерименталната физика.
- Кумановската гимназија првпат учествува на натпревар по ескпериментална физика, се надеваме на добри резултати, рече Штефица Ујчиќ, професорката по физика од гимназијата „Гоце Делчев“.
Претходно вакви олимпијади се одржале во Гевгелија и во Софија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани