-->
-->
Регионална конференција во Охрид за осигурувањето
-->

Групна супервизија, деловно однесување на пазарот и дигитализацијата во осигурувањето, се теми на Регионална конфернеција што се одржува денеска и утре во Охрид.
Домаќин на конференцијата е Агенцијата за супервизија на осигурување, во заедничка организација со Институтот за финансиска стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS).
На конфернцијата ќе учествуваат претставници од регулаторните тела и институции надлежни за супервизија на осигурување од регионот на Централно-Источна Европа, Централна Азија и Кавказскиот регион. Говорници ќе бидат експерти од регулаторни тела, научни институции и
други релевантни инстуции.
Регионалниот семинар претставува одлична можност за размена на знаење и искуство меѓу супервизорите од областа на регулативата и спроведувањето на супервизијата на осигурување и воедно можност да се воспостават поблиски односи за идна соработка меѓу регулаторните институции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
