Регионална конференција и свечена академија по повод Денот на правосудството
„Зајакнување на квалитетот на правдата во светло на правосудната реформа“ е тема на регионалната конференција, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје по повод Денот на правосудството.
На отворањето на конференцијата ќе се обратат судијата на Врховниот суд на РМ и претседател на Здружението на судиите, Џемали Саити, заменик-министерот за правда Оливер Ристовски и на раководителот на Отсек за владеење на правото, Оддел човекова димензија, Мисија на ОБСЕ во Скопје, Алфредо Стриполи.
На тема „Независноста и транспарентноста на судството како гарант за квалитетна правда“ пред учесниците ќе говорат претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и претставниците на здруженијата на судии од земјите од Југоисточна Европа.
По повод Денот на правосудството, утре ќе биде одржана и свечена академија, на која најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен и на амбадсадорот на САД, Џес Бејли.
Конференцијата е организирана од Здружението на судиите со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден