-->
-->
Регионален форум за безбедност и здравје при работа
-->
Во Скопје денеска ќе почне дводневен регионален форум посветен на безбедноста и здравјето при работа. Целта е да се разменат искуства во оваа област и да се понудат решенија за превенција.
На форумот, на кој ќе учествуваат претставници од седум држави, посебно внимание ќе биде посветено на новите стратегии на синдикатите за безбедноста и здравјето при работа, особено во однос на организирањето и поддршката на претставниците за безбедност и здравје при работа.
Најавено е учество на синдикални експерти за безбедност и здравје при работа од регионот, како и на претставници од надлежните институции.
Форумот го организираат Сојузот на синдикати на Македонија и Европскиот синдикален институт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата