Македонија
3. October 2019 - 16:37

Реџепи: За „гејци“ место во ИВЗ нема

Во ИВЗ нема место за  личности каков што е Скендер Бузаку порача реисот Сулејман Реџепи. На ваков начин поглаварот на верската заедница  одговори на ултиматумот кој му беше упатен завчера да ја напушти функцијата. Го повика Бузаку да дојде лично кај него  ако сака да поставува ултиматуми.

По ова реисот го испрати муфтијата Мухарем Вејсели  да зборува во негово име.Тој порача дека членовите на ИВЗ не се луѓе од улица и  за својата работа сносат одговорност. Вејсели  повика доколку некој има какви било докази за криминал да пријави кај надлежните институции.  

Скендер Бузаку кој се смета за легитимен поглавар на ИВЗ до утре ќе чека да му биде ослободен престолот во ИВЗ во спротивно ќе објави документи за како што вели финансиски криминал кој го сторил Реџепи. Инаку ултиматумот претходно од ИВЗ го споредија со случајот Рекет.

Превирањата во исламската верска заедница траат од април кога со судска одлука беше разрешен поглаварот Реџепи. За овој случај деновиве искази  во обвинителството даваа муфтиите од ИВЗ. Од исламската верска заедница за Сител соопштија дека Апелациониот суд ја прифатил жалбата на реисот Реџепи кој ја поднел по решението со кое тој е разрешен и предметот е вратен на повторно судење.

Апелација смета дека првостепениот суд не утврдил дали во конкретниот случај биле исполнети условите за запишување на промената на вршење функција Реис во ИВЗ.