-->
-->
Реџепи: Гасоводот ќе се гради на Водно, но со неколку измени на трасата
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/july/njgregreger-186813.jpg?itok=Vm0tXuvS)
- Се предвидува да се намали ширината на работниот појас од 25 на 10 метри и да се измени трасата на самиот врв на Водно каде е високостеблестата шума. Новопредложената траса ќе биде покрај една постоечка патека и постоечки пат, само се предвидува да се прошири од лева и десна страна по неколку метри и со тоа уште повеќе ќе се избегне сечењето на шумата на Водно, која според анализите на јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје изнесува околу 1.400 метри кубни сеча на дрва, вели Реџепи за МИА.
Измените на трасата, додава, се направени после преговорите со граѓанските организации кои се противат на изградба на гасоводот низ парк шумата Водно, а Владата одлучи неколкукратно да ја компензира исечената шума со пошумување на овој предел и да се врати во првобитна состојба за неколку месеци.
- Трасата од оваа делница се гради на јужната страна на Водно, која во поголемиот дел не е пошумена. Од Сопиште оди кон врвот на Водно, цело време по јужната страна, и се спушта кон Матка. Придобивките ќе бидат повеќекратни. Ќе се пошумува многу поголема површина отколку што ќе се сече, ќе биде многу убава и рамна патека што ќе се користи за пешачење, а појасот што ќе се направи ќе служи и како препрека во случај на пожари, потенцира Реџепи.
Во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре, директорот на МЕР говори и за текот на изградбата на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје кон Гостивар со крак до Тетово, како и за интерконекциите со соседните држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом