-->
-->
Рецитал на виолинистот Владимир Костов во придружба на пијанистката Марија Ѓошевска
-->
Виолинистот Владимир Костов, концерт-мајстор на Македонската филхармонија, вечер во камерната сала на Филхармонијата ќе одржи рецитал во придружба на пијанистката Марија Ѓошевска.
Костов ќе изведе две сонати за виолина од Антонио Вивалди, Етида во форма на валс од Камиј Сен-Санс и Соната за виолина и пијано од Рихард Штраус.
Македонската филхармонија со рециталот на пијанистката Марија Ѓошевска на 20 ноември активно ја почна програмската шема во малата камерна сала.
Најави дека ќе следуваат интересни настани до крајот на оваа година кои ги објавува на својата веб-страница www.filharmonija.mk.
-->
-->
-->