Рецитал на Тихомир Јакимовски и Милан Јанкуловски
Басот Тихомир Јакимовски и пијанистот Милан Јанкуловски вечер ќе одржат рецитал во Културно информативниот центар – Скопје, во Салонот 19:19.
Тихомир Јакимовски е роден во 1990 година во Скопје. Нижо и средно музичко образование завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Дипломирал на ФМУ во Скопје на соло пеење во класата на проф. м-р Билјана Јакимовска. Настапувал на ФМУ во рамки на Musica Viva.
Со оркестарот на МОБ испеал шест арии на гала концертите во чест на проф. Коста Трпков. Како член на хорот „ПроАрс“, под раководство на професорот Сашо Татарчевски на концертот на „Охридско лето“ на 8 август 2014 година успешно настапил со две солистички делници. На свеченото отварање на „Охридско лето“ на 12 јули 2015 година настапил со хорот на МОБ во „Кармина Бурана“ од К. Орф. Во моментов е ангажиран во МОБ.
Милан Јанкулоски е роден на 23.09.1989 во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата по пијано на професорката Марија Ѓошевска. Учествувал на повеќе државни и меѓународни натпревари, каде освоил повеќе награди. Настапувал на фестивалите „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Есенски музички свечености“, „Musica Viva“,„Бит Фест“, како и на повеќе концерти во државата и во странство. Како камерен музичар реализирал бројни концерти со своите колеги од факултетот за музичка уметност, а настапувал и како солист со Македонската филхармонија.
Работел како пијано соработник во класата по соло пеење на професорката Славица Петровска Галиќ и во класата на професорот Олег Кондратенко по виолина на Факултетот за музичка уметност. Во моментов работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје и како пијано соработник во класата по соло пеење на професорката Билјана Јовановска Јакимовска на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
-
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии
-
Жена загина во Солун во експлозија на бомба – веројатно додека го пренесувала експлозивниот механизам